Градежник загина по несреќа во центарот на Скопје

Градежник од Паланечко починал денеска во болница откако бил повреден додека работел во центарот на Скопје.

-На 28.01.2021 во 15.18 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.С.(60) од село Псача. Во 15.40 часот од страна на лекар била констатирана смрт. Според пријавеното, тој бил повреден додека извршувал градежни работи на улица Тетовска во Скопје, велат од МВР.

ВРСКА

Visits: 43

Posted in Несреќи при работа.