Голем пожар во тетовско Вешала, повреден еден пожарникар

Еден пожарникар е повреден при обидот за гаснење на пожар што избувна утрово во станбена куќа во планинското село Вешала во Тетово. Како резултат на брзото ширење на пожарот, пламените јазици зафатија три помошни објекти на куќата, при што сите делови се целосно изгорени. Случајот бил пријавен во пожарната околу осум часот наутро, по што со три противпожарни возила и десет пожарникари во рекордно време било интервенирано.

Од Територијалната противпожарна единица во Тетово, за Алсат велат дека по долга борба со пламенот, истиот успеал да се локализира. За среќа, за време на пожарот во куќата немало луѓе. Причината за пожарот, според тетовските пожарникари, е неисправна електрична инсталација, но истото ќе го потврдат и истражните тимови кои заедно со полицијата во моментот вршат вештачење.

ИЗВОР

Visits: 69

Posted in Несреќи при работа.