Скопјанец тешко повреден додека работел на објект

На 29.03.2021 во 17:00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(28) од с.Петровец, скопско, пријавила дека на 26.03.2021 нејзиниот сопруг З.Т.(35) бил повреден додека работел за фирма на објект на бул.„Александар Македонски“ во Скопје.

Според пријавеното, тој бил пренесен во Градската општа болница Св.„Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

ЛИНК

Visits: 36

Posted in Несреќи при работа.