Тешка несреќа во Чаир – повреден градежен работник итно пренесен во болница

На 02.04.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека, додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на ул.„Босна и Херцеговина“, со повреди се здобил А.С.(57) од Крива Паланка.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

ЛИНК

Visits: 30

Posted in Несреќи при работа.