Се судрија возило на МВР и „ивеко“, повреден е вработен во МВР

Вработен на МВР се здобил со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

На 03.05.2021 во 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. од Скопје. Во незгодата, возачот на возилото „шкода јети“ се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид, соопшти МВР.

ЛИНК

Visits: 28

Posted in Несреќи при работа.