„Онлајн“-семинар на тема: ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРВАЈЕ ПРИ РАБОТА

Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, на 26 мај 2021 година организира „онлајн“-семинар на тема: ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРВАЈЕ ПРИ РАБОТА.
Целта на овој семинар е корисниците да научат да ги дефинират основните концепти на безбедноста и здравјето при работа, да ги опишат главните обврски и права на претставниците на вработените за БЗР, синдикалните претставници во однос на подобрувањето на БЗР во компаниите. Воедно ќе бидат објаснети и начелата за ефективните БЗР системи за управување, идентификација, проценка и контрола на ризиците и употребата на личната заштитна опрема, како и употреба на опремата за работа од страна на вработените на работно место.
Останати целини од семинарот се и: усвојување на основните принципи, специфичните цели и задачите кои се неопходни за анализата на ризикот во согласност со стандардите за управување, со системите за БЗР; изработка за план за проценка на ризик, планови за обука, одржување на средствата за работа, идентификација на штетности/опасности на работа квантитативна процена на веројатноста за појава на штетни ефекти и нивната тежина со соодветен избор на методологија, соодветни корективни мерки и управување со записи во системот за БЗР; синдикалните претставници од сите институции и правни субјекти, ќе научат да ги препознаат сопствените права и обврски и адекватно вклучување во унапредувањето на системот на безбедност и здравје при работа кај работодавачите и стручните лица кои треба да ги применуваат барањата кои се опфатени со подзаконските акти за безбедност и здравје при работа.

ПРОГРАМА:
∙Закон за БЗР (Службен весник на Република Македонија” брoj 92/2007):
∙Причините за измените и дополнувањето на Закон за безбедност и здравје при работа (Сл.весник на РМ бр.158/14);
∙Начин на вклучување на синдикатите во компаниите;
∙Концепт на Закон за безбедност и здравје при работа;
∙Основни одредби на Законот: уредување, спроведување и унапредување на безбедноста здравјето на вработените кои учествуваат во работните процеси;
∙Поим за проценка на ризик и процедури за изготвување на проценката на ризик;
∙Различни методологии за проценка на ризик и критериуми за оптимален избор на соодветни методологии за проценка на ризик согласно дејноста и ризиците;
∙Прописи кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа;
∙Превенција од САРС КоВ 2 – вирусот.

Предавачи:
-Проф. Др. Елисавета Стикова – Доктор специјалист по медицина на труд – Институт за јавно здравје;
-м-р Снежана Јанкова Петковска, дипл.инж.по заштита при работа, стручно лице по безбедност при работа.
Обуката е наменета за сите стручни лица за безбедност при работа, работодавци, за сите чинители кои работат и кои дејствуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа и други.
Овој семинар, според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа, се бодува со 10 бода за пасивно учество на него.
Сите заинтересирани учесници може да се пријават најдоцна до 21 мај 2021 година.
За сите учесници на семинарот ќе бидат испратени на меил:
– линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisco;
– работен материјал во електронска форма
– сертификат за учество на семинарот.

Agenda

Покана

Пријавен лист

Контакт лицa:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
✆ ++ 389 2 3244074
✉ beti@mchamber.mk

м-р Анита Митревска
✆ ++ 389 2 3244057
✉ anita@mchamber.mk

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје

Views: 259

Posted in Новости, Обуки.