51-годишен скопјанец починал на работното место

51-годишен скопјанец починал додека извршувал работни задачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од таму дообјаснуваат дека вчера, околу 8 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на улицата Христо Татарчев во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т. П. (51) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

линк

Visits: 30

Posted in Несреќи при работа.