Скопјанец починал додека извршувал градежни работи

53-годишен маж починал за време на извршување на градежни работи, информира Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението од МВР, вчера во 14.50 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош било пријавено дека, додека извршувал градежни работи, починал Ј.Ш.(53) од Шуто Оризари-Скопје.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат надлежните.

ИЗВОР

Visits: 21

Posted in Несреќи при работа.