Работник тешко повреден во фабрика во Гостивар, починал на скопските клиники

Шеесет годишниот Ф.С. од гостиварско Чегране, работејќи во фабрика во Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Несреќата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски се случила вчера околу 14:15 часот.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и трудов инспектор.

ИЗВОР

Visits: 22

Posted in Несреќи при работа.