Трагедија во рудникот „Суводол“ – работник пронајден затрупан со земја

Синоќа, во рудникот „Суводол“, во одрон од земја бил пронајден затрупан машинистот К. Т. (38) од Прилеп.

МВР соопшти дека лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.

На местото на настанот биле трудов инспектор и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Visits: 26

Posted in Несреќи при работа.