повреден пожарникар

Еден пожарникар е повреден при гасење на пожар на куќа во Прилеп на улица Октомвриска.

Истиот итно е пренесен во Градската болница . Според информациите од територијалната против пожарна единица првиот пожар е појавен утрово во селото Мало Коњари, а другиот кој безмалку уништил цел објект во градот.

Огнот напладне се појавил на горниот дел од објектот, а потоа се проширил и на долните катови.

Поради сериозноста на пожарот територијалната против пожарна единица интервенирала со четири возила и десетина пожарникари. А помагале и соседите.

Во неколку денови огнот целосно или делумно предизвика големи материјални штети на шест објекти.Четири семејства останаа без кров на главата. А помош ќе има за санирање на штетите и од денешните два пожари.

Според пожарникарите најголема причина особено за последните три големи пожари се невнимание и дотраена инсталација.

ЛИНК

Visits: 31

Posted in Несреќи при работа.