ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ДОДЕКА БРКАЛЕ ВОЗИЛО КОЕ НЕ ЗАСТАНАЛО НА КОНТРОЛА

Синоќа околу 1:45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле едно женско и едно машко лице, возилото не застанало.

При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот.

Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

ЛИНК

Hits: 4

Posted in Несреќи при работа.