Почина Милан Клопчевски

Почитувани колеги,
На 17.09.2021 по боледување од COVID19 почина нашиот колега Милан Клопчевски. Колегата беше последниот претседател на Сојузот на здруженија за заштита при работа и долгогодишен пријател и подржувач на МЗЗПР.
Нека му е лесна земја.

Кратка биографија

Роден 3.8.1953 во Дебар.

Образование:

Основно училиште завршил во Дебар, период 1960-1968.

Средно образование завршил во ЕМУЦ „Никола Тесла“ во Скопје, период 1968 – 1972.

Виша школа при Факултетот за заштита на работа во Ниш, Србија, 1.6.1982.

Дипломиран инженер за заштита од пожари, Факултет за заштита на работа, Ниш, Србија, 9.7.2007.

Овластен инженер за противпожарна заштита – Овластување А – проектирање, изведба, надзор и ревизија

Целиот свој професионален живот го посветува на заштитата од пожари.

Вработување:

Металски завод Тито – Скопје                                  28.12.1973 – 6.8.1975

Велурфлок – Скопје                                                   3.5.1978 – 1.11.1986

Пастор – Загреб, работна единица Скопје              2.11.1986 – 31.5.1989

Сигурност – Скопје                                                     1.6.1989 – 13.7.1993

Огнопревент инженеринг – Скопје                          14.7.1993 – 3.8.2017

Во 1993та година ја основа компанијата ОГНОПРЕВЕНТ-ИНЖЕНЕРИНГ.

Целиот свој професионален живот го посветува на заштитата од пожари.

Претседател на групацијата за противпожарна заштита при Стопанска комора на Р.Македонија. Функцијата ја извршува во периодот од 28. 09. 2015.

Неговото мото беше чесно, стручно и посветено работење со цел унапредување на националното ниво на заштита од пожари

Visits: 289

Posted in Новости.