Тракторист од Светиниколско излетал од патот, од незгодата добил повреди за кои побарал лекарска помош во болницата во Свети Николе. Подоцна тој бил пуштен на домашно лекување, но утредента повторно побарал медицинска помош и набргу потоа и починал.
Според информации од полицијата, на 19.9.2021, во 17 часот, во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с. Горобинци, Светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М. В. (68) од с. Горобинци, излетал од патот.
Во незгодата М. В. добил повреди констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Николе“ по што бил пуштен на домашно лекување.
На 20.9.2021, воб 5 часот, М. В. повторно отишол во ЈЗУ „Свети Николе“, од каде што со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде што починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Свети Николе.
Views: 49