ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ПОЖАР НА СТОВАРИШТЕ ВО КУМАНОВО

Едно лице почина во пожар кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот. Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово гасeње.

– На терен се упатија две екипи од противпожарната единица со шестмина пожарникари, зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат – изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

ЛИНК

Visits: 33

Posted in Несреќи при работа.