Повреден работник во кавадаречка фирма

06. 12. 2021

Педесет и шест годишниот З.Б од Кавадарци, се здобил со телесни повреди на своето работно место во кавадаречка фирма. Случајот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци во 07:30 часот.

-З.Б бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

На местото на незгодата бил извршен увид од страна на полициски службеници.

ЛИНК

Visits: 55

Posted in Несреќи при работа.