29. годишно момче се здобило со тешки телесни повреди на работното место, полиција извршила увид

На 01.02.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен Б.З.(29) од Куманово.

Во службен разговор со полициски службеници тој изјавил дека се повредил околу 08.00 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во индустриска зона Илинден. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен Трудов инспектор.

ИЗВОР

Hits: 12

Posted in Несреќи при работа.