Тешка сообраќајна несреќа во Битола, повредени се 19 луѓе

Фото: ТВ Телма/принтскрин

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на излезот од Битола кон Кравари, во која учествувале комбе со работници од фабриката „Кронберг и Шуберт“, патнички автомобил и паркиран камион, објави Телма.

Според информациите од битолската Клиничка болница, во сообраќајката се повредени 19 луѓе, од кои шестмина имаат потешки повреди.

Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола.

Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.

ИЗВОР

Visits: 25

Posted in Несреќи при работа.