Тешко повреден 21 годишен работник – паднал од објект во изградба

Тешко повреден 21 годишен работник – паднал од објект во изградба

На 01.03.2022 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Г.З.(21) од с.Теново, тетовско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на објект во изградба на ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“.

Увид на местото извршиле полициска екипа и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР

Visits: 26

Posted in Несреќи при работа.