Повреден возачот на цистерната која се преврте на скопската обиколница

Денеска во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај исклучок за Визбегово, товарно моторно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки се превртело на коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот А.К.(38) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗВОР

Visits: 15

Posted in Несреќи при работа and tagged .