Товарно возило излета од пат во Богданци, возачот тешко повреден

Возач е тешко повреден откако вчера вечерта излетал од пат во Богданци.

Како што информираат од полицијата случајот кај нив е пријавен во 20 часот.

-Товарно моторно возило „мерцедес“ и полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(47) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

ИЗВОР

Visits: 16

Posted in Несреќи при работа.