Жител на Батинци се судрил со полициски автомобил, повреден е полицаец

Полиција / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Сообраќајна несреќа во која е повреден полицаец се случила вчеравечер во скопската населба Автокоманда, соопшти полицијата.

„На 19.04.2022 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Интернационални бригади”, ул.„Бора Тодоровиќ” и ул.„Петре Стефанов” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.И.(26) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат стило”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР“, велат од полицијата.

Во незгодата полицаецот се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се додава во соопштението.

ИЗВОР

Hits: 31

Posted in Несреќи при работа.