Полицаец повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

На 19.04.2022 во 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Интернационални бригади“, ул.„Бора Тодоровиќ“ и ул.„Петре Стефанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.И.(26) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ИЗВОР

Visits: 40

Posted in Несреќи при работа.