Повреден градежен работник при изградба на објект во Општина Центар

Кумановец вчера се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна болница во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен Б.К.(61) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, се наведува во соопштението на Министерството.  Како што посочуваат од МВР, известен бил Трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.

Опсервер: Повреден градежен работник при изградба на објект во Општина Центар | opserver.mk

Visits: 21

Posted in Несреќи при работа.