Тешко повреден возач на трактор, удрил во паркиран „фиат“

На 09.06.2022 во 19.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“, трактор „имт-539“, управуван од Д.Т.(61) од Македонска Каменица, удрил во патничко возило „фиат“, со делчевски регистарски ознаки, паркирано од Д.Т.(57) и се превртел на коловозот. Во незгодата со тешки телсни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.М.(55) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

ЛИНК

Hits: 10

Posted in Несреќи при работа.