Две лица загинаа откако излетале со трактор

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во струмичко, соопшти полицијата.

-На 26.06.2022 во 16.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Трибичино кон с.Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички регистарски ознаки, управуван од З.С.(51) од с.Дабиле, излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал З.С., а со повреди се здобил К.К.(74) од с.Владевци, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде подоцна им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

ЛИНК

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа and tagged , , , , .