Загина работник во Македонски Брод – паднал со багерот во провалија

65-годишен багерист од Куманово вчера загинал работејќи во Македонски Брод, откако со багерот паднал во провалија, соопшти полицијата.

„На 15.07.2022 во 11.08 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка”, С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер” паднал во провалија и починал на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

ЛИНК

Visits: 18

Posted in Несреќи при работа and tagged .