Загина тракторист од Велешта

Загина тракторист од Велешта во бизарна несреќа со трактори во Вевчани


Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Во Полициското одделение Велешта вчера утро било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор  влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

ЛИНК

Visits: 6

Posted in Несреќи при работа.