Вчераутро, некаде околу 08:15 часот на регионалниот пат с.Извор, Велешко, кај место викано „Врановски aнови“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, Велешко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите.
По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.
Views: 19