Се судрија два камиона, едниот возач загинал!

Вчераутро, некаде околу 08:15 часот на регионалниот пат с.Извор, Велешко, кај место викано „Врановски aнови“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ“двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото  управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, Велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите.

По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Visits: 11

Posted in Несреќи при работа and tagged , .