БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

Проф. д-р Елисавета Јасна Стикова
М-р Милан Петковски, д.и. ЗПР

Вкрстена анализа на две бази на податоци (дескриптивна студија и анкетен прашалник) врз апроксимативно 15% од вкупниот број на вработените во текстилната индустрија во Македонија за да се увиди влијанието на работното место врз вработените
Македонската текстилна индустрија е втора по големина индустриска гранка во земјата и е веднаш по металната индустрија. Таа е и една од најразвиените и најдиверзифицираните сектори во економијата на земјата во однос на индустриското производство, вработеноста и заработката од извозот. Истата учествува со 2,3% од бруто домашниот производ (БДП) или приближно некаде околу 450 милиони евра вредност на извезена роба, а во неа официјално се регистрирани 1.076 правни субјекти кои активно се вклучени на различни нивоа на производство, вработувајќи приближно 35.000 вработени и претставувајќи 8,36% од извозот на земјата во 2019 година (Државен завод за статистика, 2021). Повеќето компании работат на принципот на сечење и шиење на материјалот од кој се прави облеката (CMT).

ПОВЕЌЕ

Views: 171

Posted in Публикации.