Повредена полицајка

Повредена е полицајка и уште едно лице при сообраќајка во скопско.

На 18.08.2022 во 08.35 часот било пријавено дека на крстосница од регионален пат Велес – Скопје, со локален пат од с.Марино кон с.Идризово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(78) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле полициска службеничка која била сопатничка во возилото „шкода јети“ и возачот на „рено“, В.К., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош, соопштија од МВР.

Увид  извршила екипа СВР Скопје.

ЛИНК

Visits: 13

Posted in Несреќи при работа and tagged , .