Пожар избувна во фабрика во Штип, повредени се двајца работници

Пожар избувнал претпладнево околу 10 часот во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Според портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска примени се двајца пациенти со повреди, кои веднаш биле прегледани од лекарите.

„Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија“, вели Шуманска.

Според информации од пожарникарот, Славчо Делов пожарот кај нив бил пријавен околу 10 часот, по што тие реагирале и целосно го изгаснале најдоцна до 11 часот.

„Некаде околу 10.00 часот беше пријавен пожар во фирма во индустрискиот дел на Штип. Од наша страна е интервенирано со две возила и четворица пожарникари. Дојавата беше дека има запалена печка и кровна конструкција. Излеговме на местото, пожарот е локализиран и изгаснат, сѐ во најбрзо време“, вели Делов.

Во моментов не се знае колкава е материјалната штета предизвикана од пожарот во фабриката.

ЛИНК

Views: 14

Posted in Несреќи при работа.