Тешко повреден тракторист, натоварен со дрва излетал од патот

Синоќа во 19.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на шумски пат во атарот на гостиварско Галате, управувајќи трактор со кој превезувал огревни дрва, 60-годишниот Б.Д. од ова село, излетал од патот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ЛИНК

Visits: 7

Posted in Несреќи при работа and tagged , , .