Трактор излета од пат во пробиштипско, повредени возачот и дете

Возач на трактор и малолетник се повредени откако трактор излетал од патот во пробиштипско.

На 07.10.2022 во 15.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат на место викано Пударница, атар на с.Турско Рудари, пробиштипско, трактор “имт 539“ без регистарски таблички, управуван од С.П.(48) од с.Злетово, излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од Полициската станица Пробиштип.

ЛИНК

Hits: 28

Posted in Несреќи при работа and tagged , , , , .