Тешко повреден 22 годишник откако паднал од трактор

На 23.10.2022 во 20.00 часот било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во с.Русиново, беровско, од трактор „фиат“ со беровски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(25) од с.Русиново, паднал В.М.(22) од с.Русиново, кој се превезувал на задниот дел од тракторот, информира МВР.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Берово.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

ИЗВОР

Visits: 9

Posted in Несреќи при работа.