Тешко повреден 34-годишен тракторист

На 06.11.2022 во 13.03 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Истевник, делчевско, К.Ј.(34) од Делчево, управувајќи трактор „махиндра“ со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.
Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничка болница во Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица Делчево.

ИЗВОР

Visits: 10

Posted in Несреќи при работа.