Тешко повреден градежен работник во Скопје

На 07.11.2022 во 22:00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.И.(32) од с.Морани, скопско, пријавил дека околу 11:00 часот додека извршувал градежни работи во трговски центар на подрачје на Гази Баба паднал и се повредил.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

ИЗВОР

Visits: 9

Posted in Несреќи при работа.