Полицаец повреден во налет на автомобил

Во четвртокот (15. декември 2022) попладнето во СВР Скопје било пријавено дека околу 17,15 часот на крстосница од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А., удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.

ЛИНК

Visits: 77

Posted in Несреќи при работа.