Запален објектот „Ранка Милановиќ”: Спасен човек, повреден пожарникар

Запален објектот на поранешниот дом за деца без родители и родителска грижа „Ранка Милановиќ“. Таму сега престојуваат бездомници. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски посочи дека пожарот е изгаснат, а последиците од него не се познати. Тој додаде дека спасен е човечки живот, а повреден е и пожарникар.„Пожарот кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е целосно изгаснат. Пожарникарот Иво Цветковски кој утрово го прогласивме за пожарникар на годината, вечерва спаси човечки живот и самиот заврши со полесна повреда. Благодарам на командантот и целата единица на противпожарната бригада на Град Скопје која вечерва е на смена за брзата и енергична реакција!“, посочи градоначалникот.

Објектот каде престојуваат бездомици, а вечева не се знае како е заплен, веќе подолго време е причина за поплаки од граѓаните.

ИЗВОР

Visits: 8

Posted in Несреќи при работа.