Почитувани,
Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.
Во прилог се:
- Барањето за аплицирање
- Процедурата за избор и доделување на Националната награда, подготвена и усвоена од страна на Советот за БЗР.
Крајниот рок за пријавување на компаниите е 10 март 2023 година.
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
- мали компании (до 50 вработени)
- средни компании (до 250 вработени) и
- големи компании (над 250 вработени)
Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).
Пополнетите апликации, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:
Компаниите се охрабруваат да достават и конкретен пример на добра пракса во областа на БЗР имплементиран во рамки на компанијата во текот на оваа или на изминатите 2 до 3 години (2020-2022)–согласно точката 21 од Барањето за аплицирање. Ве информираме дека позитивните примери на добра пракса ќе бидат дополнително разгледувани и бодувани при евалуацијата, т.е. оценувањето на пријавените компании.
Планирано е свеченото доделување на годишните награди да се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден на БЗР“ (април) или на „Европската недела за безбедност и здравје при работа“ (во октомври) оваа година.
Со почит,
Национален совет за БЗР,
Министерство за труд и социјална политика
Views: 80