Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2023

Почитувани,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Во прилог се:

Крајниот рок за пријавување на компаниите е 10 март 2023 година.

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:

  • мали компании (до 50 вработени)
  • средни компании (до 250 вработени)  и
  • големи компании (над 250 вработени)

Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Пополнетите апликации, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:

Компаниите се охрабруваат да достават и конкретен пример на добра пракса во областа на БЗР имплементиран во рамки на компанијата во текот на оваа или на изминатите 2 до 3 години (2020-2022)–согласно точката 21 од Барањето за аплицирање. Ве информираме дека позитивните примери на добра пракса ќе бидат дополнително разгледувани и бодувани при евалуацијата, т.е. оценувањето на пријавените компании.

Планирано е свеченото доделување на годишните награди да се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден на БЗР“ (април) или на „Европската недела за безбедност и здравје при работа“ (во октомври) оваа година.

Со почит,

Национален совет за БЗР,

Министерство за труд и социјална политика

Visits: 74

Posted in Новости.