ОБУКА 14. 03. 2023: ПОВРЕДА НА РАБОТА, ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА И НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА НА РАБОТА

Формите за заштита на работникот на работното место се пропишани во Законот за безбедност и здрваје при работа. Од содржината на одредбите на овој закон може да се извлече заклучок дека на полето на заштитата на вработените, пропишани се современи правни решенија. Проблемот на заштита при работа е огромен, бидејќи несреќите на работа се многу чести, а некои од нив имаат и фатален исход, односно завршуваат со смртен исход.
Работодавачот е должен веднаш по приемот на работникот на работа да му ги осигура потребните услови за заштита на работата, а со кои се осигуруваат заштитатана животот и здравјето на работникот. Всушност треба да му овозможи запознавање со прописите од заштита при работа, а воедно е должен да го оспособи работникот за работа на начин кој што осигурува целосна заштита на неговото здравје, се со цел да се спречи несреќа на работа. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. Всушност, тоа е обезбедување на активна улога на вработените и менаџерите во процесот на идентификување на проблемите и дизајнирање на решенија.

За таа цел Стопанска Комора на Северна Македонија во соработка со Македонско здружение за заштита при работа, на 14 март 2023 година организира еднодневен семинар на тема: ПОВРЕДА НА РАБОТА, ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА И НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА НА РАБОТА.
Семинарот ќе опфати елементи на теорија, практичен дел и студија на случаи.
Од страна на стручно лице за безбедност при работа ќе се побара одговор на следните прашања:
–    Дефиниција на повреди на работа и професионални болести според законската регулатива и постапка за пријавување на повредите и несреќите при работа, известување за несреќа и повреда при работа, упатство за пријавување на несреќа и обрасци за известување до Државен инспекторат за труд.
–    Услови за враќање на работа после повреда при работа, боледувања, извештаи од комисии, мислења и сл.

Воедно, Ве информираме дека во однос на темата наведена погоре, предавачите ќе може да се осврнат на повеќе точки кои се однесуваат на законската регулатива, позицијата на работодавачот и позицијата на работникот, како од аспект на применливата регулатива, така и од аспект на судската пракса, односно:
–    Правна поставеност и позиција на работник и работодавач во однос на случаи на повреда при работа;
–    Обврски и одговорност на работодавачот;
–    Во кои случаи работодавачот нема да биде должен да исплати надомест за повреда на работа на работник;
–    Одговорност на работодавачот како имател на опасен предмет или вршител на опасна дејност;
–    Случаи на допринос на работникот и поделена одговорност на работникот и работодавачот;
–    Обем на надомест на материјална и нематеријална штета.

Предавачите се експерти по дадената проблематика и тоа:
–    Доц. д-р Трајче Велковски, стручно лице за безбедност при работа, Машински факултет-Скопје;
–    Адвокат Мартин Бошкоски, партнер во адвокатска канцеларија Лалиќиќ и Бошковски;
–    Доктор по медицина на труд, Институт за јавно здравје на РСМ.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Македонското здружение за заштита при работа-Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
    работен материјал доставен електронски;
    ручeк и освежување;
    сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до: 9 март 2023 година.

Во прилог:  Пријавен лист.

Visits: 303

Posted in Новости, Обуки.