ИНТЕРВЈУ СО КРИСТИНА ГРИЖОСКА- СТРУЧНО ЛИЦЕ ПО БР, КОМФИ АНГЕЛ ДОО-ПРИЛЕП

  1. Која е основната дејност на Вашата компанија?

Основната дејност на Друштвото за производство на текстил и текстилни производи , трговија и услуги КОМФИ АНГЕЛ увоз-извоз Прилеп ДОО, е производство на готови текстилни производи за домаќинство што посебно опфаќа производство на постелнини, перници, јоргани, прекривачи, заштитници за јоги и заштитници за перници за домашен и странски пазар.

  1. Како е регулурана безбедноста и здравјето при работа во Вашата компанија?

Работиме согласно Закон за безбедност при работа и се спроведени сите мерки кои произлегуваат од истиот како и мерките регулирани со правилниците.

Првата проценка е изготвена во 2011 година, а ревидирана во април 2013 година. За новите производства и новите хали беа изготвени во 2014 и 2015 год. Процедурите за безбедно работење се истакнати на видно место за секоја машина заедно со знаците за предупредување. Се вршат периодични прегледи на работната средина за секое работно место(микроклима во зимски и летен период, осветлување, прашина, бучавост) како и испитување на опремата за работа (при инсталирање, промена на местоположба и дефект на машината). Се ангажира овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа како и следење на здравствената состојба на вработените. Склучен е договор со овластена здравствена компанија за вршење на периодични прегледи на вработените согласно Процената на ризик и Изјавата за безбденост .

  1. Каква е програмата за обука на вработените и за лична заштита опрема?

Се вршат обуки на вработените според сопствена програма. Се извршија посебни обуки на претставниците од вработените за БЗР од овластена надворешна фирма. Заради специфичноста на производството од секој сектор има по еден претставник од вработените за БЗР односно вкупно се 10 претставници. Се одржуваат состаноци на кои се презентираат сите забелешки и предлози за секој сектор од аспект на безбедно работење. Се вршат обуки за БЗР на сите вработени од овластена надворешна фирма. Што се однесува до програмата за ЛЗО на оние работни места каде што според процената на ризик е утврдено дека некој ризик неможе да се спречи вработените добиваат ЛЗО според правилникот за ЛЗО на фирмата кој што е изработен според процената на ризик и изјавата за безбедност.

  1. Кои процедури и плански документи ги користите во вашето работење?

Имаме изработено процедури со безбедносни информации за посетители; прирачник за безбедно работење кој што секоја година се врши ажурирање на Правилникот на фирмата во кој што се внесени сите правила за безбедно работење како и правила за заштита од пожар и евакуација. Во технолошкиот процеси не се користат хемиски супстанции. Процедурата во суштина е за хемиските средства кои се користат за одржување на хигиената во производство, санитарен дел и канцеларии. Плански документи за заштита и спасување од природни и други непогоди кој што ги користиме се:

а) Правилник за заштита од пожари и експлозии

б) План за заштита и спасување од проценети опасности

в) План за Евакуација

г) Елаборат за заштита и спасување

Обучени се 260 лица за заштита од пожари, евакуација и спасување( користење на опрема за гасење на пожар). Секоја година се вршат практични вежби за гасење на пожар. Заради специфичноста на објектите и бројот на вработени евакуациони вежби се прават на секои 3 месеци. Обучени се 60 лица за прва помош и имаме 2 простории за прва помош. Во секоја производствена хала и магацин има сандачина за прва помош со комплетна опрема.

  1. Дали воведувањето на ЕУ стандарди за заштита при работа, преку проект имплементиран од МЗЗПР, ги подобри работните услови, дали ефектот е забележителен и денес после толку години?

Можам да кажам дека доста ги подобри условите за работа од аспект за БЗР. Сметам дека  активната работа на МЗЗПР доста допринесе  за информирање на вработените  што значи безбедност на работно место, а парелено со тоа да се подобрат и условите за работа на  сите вработени на ниво на Р. Македонија.

Подготвил,

Андријана Зафировска

Visits: 167

Posted in Новости, Прес / Медиа.