Тешко повредено лице во тракторска несреќа

З.С.(55) од село Алинци, се здобил со тешки телесни повреди (скршена горна вилица), откако паднал од трактор со кој управувал Д.К. од село Кривогаштани, во несреќата која се случила во атарот на село Канатларци, на некатегоризиран земјен пат кај местото познато како „Канатларска Чешма“, вчера околу 17.30 часот.

По укажаната лекарска помош во Општа болница Прилеп, тој е препратен во Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title

Visits: 70

Posted in Несреќи при работа.