Адвокат со возило на Министерство за правда е повреден кај Куново

Вечерва, адвокатот од Гостивар Л.Д. задоби тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случи на патот Гостивар-село Куново.

МВР извести дека околу 20 часот тој со возило БМВ сопственост на Министерството за правда од засега непознати причини, излетал од патот и паднал во провалија, при што се задобил тешки повреди поради кои лекарите од гостиварската болница морале да му ја ампутираат левата рака, а поради сериозноста на повредите тој е препратен на скопските клиники.

http://www.plusinfo.mk/vest/113419/advokat-so-vozilo-na-ministerstvo-za-pravda-e-povreden-kaj-kunovo

Visits: 68

Posted in Несреќи при работа.