Двајца работници со тешки повреди донесени на Ургентен

Градежен работник паднал и додека извршувал градежни работи во Скопје.

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишниот Ј.М. од населба Ченто, Скопје, вработен во приватна фирма, додека изведувал градежни работи во Индустриска зона Илинден,паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Ј.М. бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, вечерта во 20:26 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар Скопје било пријавено дека бил донесен 43-годишниот И.З. од Свети Николе, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во приватна фирма лоцирана во кругот на Железара. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

https://www.press24.mk/nesrekja-vo-skopje-dvajca-rabotnici-so-teshki-povredi-doneseni-na-urgenten

Visits: 129

Posted in Несреќи при работа.