НОВИНАРКА НА КАНАЛ 5 СО ПОВРЕДА НА ВРАТОТ

Новинарката на Канал 5 телевизија, Мирјана Мирчевска Јовановиќ заврши со повреди на вратот и раката, откако како што изјави за ТВ 24, на централната манифестација „Водици“ во Скопје, била брутално избуткана, навредувана и влечена од обезбедувањето, ангажирано од МПЦ да ја обезбедува манифестацијата.

Според информациите, Агенцијата што била ангажирана е „Никоб“. Од Канал 5 телевизија најавуваат дека ќе поднесат пријава до јавното Обвинителство и полицијата.

Мирчевска Јовановиќ веќе дала изјава и во полиција. Засега ниту од МПЦ, ниту од агенцијата нема реакција.

Во текот на манифестацијата во одреден момент новинарите и снимателите биле насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив биле упатувани навредливи зборови и пцости.

https://www.24.mk/details/novinarka-na-kanal-5-so-povreda-na-vratot-bev-brutalno-turnata-od-obezbeduvanjeto-na-manifestacijata-vodici

Visits: 163

Posted in Несреќи при работа.