Студиска посета EU OSHA, Билбао

Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа, во период од 01 – 05 април 2019 година, организира студиско патување со цел стекнување на знаење и поврзување на професионалците од Балканот со претставници од земјите од Европската унија.
Сепак, во знакот на одбележување на Меѓународниот ден на жената, ќе бидат споделени гледишта и теми за БЗР преку кои се утврдуваат приоритетите, БЗР и жените работнички.
Ова студиско патување првенствено е наменето за стекнување на знаење и поврзување на луѓето – професионалците од Балканот со претставници од земјите од Европската унија.
На ова студиско патување предвидено да се реализира присуство во Европската Агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA), чија цел е да ги направат европските работни места побезбедни, поздрави и попродуктивни – во корист на стопанството – работодавачите, вработените и владите.

БИЛБАО-СТУДИСКА-ПОСЕТА-2019.pdf

 

 

Visits: 2439

Posted in Новости.