Почина на лице место, товарно возило само се придвижило и го прегазило

Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, бил прегазен пешак.

Имено 52- годишниот Љ.А од село Долно Лисиче, скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал, по што починал на местото.

Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата.  Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР

Visits: 123

Posted in Несреќи при работа and tagged , .